Џастин Бибер повторно во затвор - овој пат тој самиот се предаде на полицијата
Откако пред судот во Мајами Џастин Бибер изјави дека не се чувствува виновен поради возењето автомобил во уличните трки под влијание на алкохол повторно е затворен.
Овој пат Џастин малку претерал. Пејачот е уапсен во неговата родна Канада, поточно во Торонто, поради напад врз возач на лимузина, кој се случил на 30 декември откако возачот ги примил во возилото пејачот и петмината негови пријатели пред еден ноќен клуб.
Кога дошле до хотелот, тие шестмина го нападнале возачот и го тепале по грбот и главата се додека не ја слушнале полицијата и побегнале.
Џастин овој пат сам се предаде на полицијата, а пред судот ќе излезе на 30 март.
Младиот Канаѓанец, кој има зелена карта за претстој во Америка, би можел да остане без тоа право. Група американски државјани потпишаа петиција за одземање на зелената карта на Џастин Бибер, затоа што ја срамоти нивната нација, опасен е, и тоа е лош пример за тинејџерите.
Петицијата за само една недела собра 165.000 потписи, што е за 65.000 потписи повеќе отколку што е потребно петицијата да биде поставена на разгледување во Белата куќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа