“Тепачка“ за карти за концертите на Каролина

Првиот од петте промотивни концерти на Каролина за „Македонско девојче 2“ е комплетно распродаден, а за останатите четири концерти 30 до 40 проценти од влезниците се веќе распродадени, информираат од Авалон Продукцја.
Концертите ќе се одржат во Македонската Опера и Балет 20 до 24 февруари.
Цена на пакетот, влезница плус луксузно дигипак издание е 600 денари. Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се” како и на билетарата на МОБ.
Како што информираат од Авалон продукција “Македонско Девојче 2” ќе биде во слободна продажба од 25 ти февруари низ цела Македонија.
30.01.2014 - 11:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа