Бизнис-заедницата: Со гасификацијата до поголема конкурентност и продуктивност на пазарот

Бизнис-заедницата денеска го поздрави новиот проект за гасификација кој вчера го најави премиерот Никола Груевски.

- Во Сојузот на стопански комори на Македонија сме сигурни дека на овој начин ќе имаме поевтин енергенс кој ќе се должи на поголемиот обем, односно количина на гас кој ќе биде користен во државата, а исто така ќе се обезбеди и подолгорочна енегетска стабилност бидејќи ќе имаме и други алтернативни извори за енергија, изјави извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија Митко Алексов. 

Алексов додава и дека заштедата ќе биде индивидуална од компанија до компанија, а најголема ќе биде кај поголемите потрошувачи од металниот сектор и преработувачите на храна.Со овој проект за гасификација на Скопје и скопскиот регион, ќе се придонесе за поголема рентабилност и поголема продуктивност во работењето на компаниите и нивна поголема конкурентност на пазарот со поевтини финални производи.

30.01.2014 - 14:16
Фото: 
новини

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега