Еве што криеле сефовите на Аркан

Сите драгоцености кои се наоѓале во внатрешноста на сефот на Аркан се однесени во периодот помеѓу неговото убиство и полициската акција "Сабја'. Според извори на српскиот Блиц, се претпоставува дека во сефот на Жељко Ражнатовиќ имало пари, накит и уметнички слики.

- Во сефот имало драгоцености како пари, големо количество накит и уметнички слики. Во текот на акцијата "Сабја" се земени само 11 пиштоли, а драгоценостите не биле најдени бидејќи најверојатно сефовите во кои биле чувани пред акцијата биле испразнети, вели извор за Блиц.

Најблиските соработници на Аркан, како и неговата сопруга, српската пејачка Светлана Ражнатовиќ цеца беа изненадени за постоењето на сефовите и тврдеа дека не знаат ништо околу тоа.

- Дали навистина некој може да верува дека овие пари, накит и уметнички дела биле со години чувани во тие сефови, прашува Драган Карлеуша, шефот на полициксата акција.

Од друга страна, Цеца пред неколку дена кога беа отворени сефовите на нејзиниот покоен сопруг изјави дека клучевите биле земени во текот на акцијата Сабја.

Иако по цели 14 години се отворија сефовите, сепак и ова не ја разреши мистеријата.

 

31.01.2014 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега