Џони Деп ќе ја добие наградата за најдобра шминка и фризура

 

Долгогодишниот шминкер Џоел Харлоу ќе му ја врачи наградата за најдобра шминка и фризура на актерот Џони Деп.

На 15 февруари Деп ќе биде награден за исклучителните траснформации во филмови како “Алиса во земјата на чудата”, “Едвард ножиците” и “Пиратите од Карибите.

Новата категорија при наградите на шминкерите и фризерите не само што е признание за нивните достигнувања во филмовите, телевизијата и театарот, туку е признание и за начинот на кој одредена личност ја носи шминката.

Џони Деп не пропушта можност да облече чуден костум. Тој дури успеа и да го убеди режисерот Тим ​​Бартон, дека му треба вештачки нос, за да го одигра Вили Вонкa, а во “Lone Ranger” имаше сеопфатна племенска шминка за улогата на Тонто.

“Тој, можеби повеќе од било кој друг актер, профитира од способностите на шминкерот и фризерот, за да направи  незаборавни ликови.  Деп е постојан поддржувач на нашата уметност, ги почитува и цени способностите на нашите уметници”,  вели Сузан Кабрал-Еберт.

31.01.2014 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега