Полицаец од Штип нелегално продавал огревни дрва и уценувал сограѓани
Полициски службеник од Штип си заработи кривична за злоупотреба на службената положба. 39- годишниот Г.П. искористувајќи ја службената положба како полициски службеник во повеќе наврати со уцена и закани на И.С. од с. Калаузлија му продал над 100 метри нелегални огревни дрва во износ од 2.000 денари по метар кубен.
Потоа, во 2013 година пријавениот преку лица од с.Радање во повеќе наврати организирал дотур, транспорт и превоз на нелегални огревни дрва до купувачите по цена од 1.500 до 2.000 денари за метар кубен. Покрај ова, во август 2013 година пријавениот на две лица од с.Радање им продал и пет метри кубни огревни дрва по цена од 2.000 денари за метар кубен. Со ваквите дејствија се стекнал со противправна имотна корист од 448.000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа