Нови 9 милиони евра од ЕБОР за енергетска ефикасност
Македонските приватни субјекти, јавни институции и општини може да аплицираат за новата кредитна линија во износ од 75 милиони евра во рамки на регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој.
Промоцијата на новата кредитна линија и изработката на акциски план за поголема вклученост на македонските компании за аплицирање за достапните средства за финансирање проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија беа тема на денешната средба на министерот за економија Ваљон Сарачини со директорката на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија, Анка Јоана Јонеску.
- Од следната недела Министерството за економија во соработка со ЕБОР почнува со директна комуникација и директни средби прво пред стопанските комори пред кои ќе се презентираат кредитните линии. Потоа ќе има презентации во повеќе градови во внатрешноста и средби со ЗЕЛС и градоначалниците каде ќе се презентираат проекти за кои може да аплицираат, рече Сарачини по средбата.
Директорката Јонеску информира дека од претходната кредитна линија во Македонија се поддржани 38 проекти во вкупна вредност од 12 милиони евра. Од нив 18 пректи се во областа на енергетската ефикасност, 16 од обновливите извори на енергија и четири комбинирани проекти од областа на енергетиката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа