Челниците на спортските федерации на прием во АМС

 

Првиот човек на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска ги прими челниците на спортските федерации со цел да се запознае и да размени искуства, идеи и предлози за понатамошната соработка, се со цел да се развие македонскиот спорт. 

Како што беше пренесено на средбата меѓу приоритетите било поставено прашањето за реализација на Конкурсот за навремено но и контрола при доделување на финансиски средства на федерациите, притоа истите да бидат во согласност со препораките на Државниот завод за ревизија.  

- Наградувањето на спортистите и тренерите ќе биде врвен приоритет, како и механизмот за континуирано следење на напредокот во тренажниот процес на младите спортисти, нагласи Спасески.

Тој се осврна и на унапредувањето на организациската и менаџерска поставеност и делување на националните спортски федерации согласно законската регулатива, како и на спроведувањето на конвенциите за спречување на допингот во спортот и насилството на спортските терени.

- Меѓународната соработка во спортот и заедничкото делување со локалната самоуправа во децентрализацијата на спортот со цел обезбедување услови за спортување на секој граѓанин ќе ми претставува важен дел од програмата за работа, нагласи Спасески.

31.01.2014 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега