Го нашле полумртов на среде улица - тетовчанец почина на скопските клиники

 

Тетовчанецот Г.Ј.(73) вчера наутро бил пронајден паднат и сериозно повреден на крстосницата од улиците „Иво Рибар Лола“ и „Карпош“ во Тетово. Старецот бил префрлен во тетовската клиничка болница, но поради сериозноста на повредите и неговата возраст веднаш бил упатен во Скопје каде по неколку часа им подлегнал на повредите.

- По отпосле обезбедени сознанија врз основа на сведочење на очевидци Г.Ј. наводно бил удрен од автомобил „Опел астра“ со тетовски регистарски таблички управуван од М.Д.(57) од Тетово кој во разговорот со полицајците негирал дека удрил во некој пешак. Полицијата го одзела возилото за вештачење, а од истата причина била земена и облеката на починатиот, рече портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Полицијата, информира Јосифовски, го фотографирала местото на можниот инцидент за што се известени и истражен судија и јавен обвинител. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврди како ги здобил повредите, а ќе се преземат сите други мерки за расчистување на овој случај.

најчитано сега