Од денеска ќе се откупува тутун и во сабота и недела
Во насока на интензивирање на откупот на тутунот, согласно разговорите кои во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одвиваа оваа седница со сите компании кои вршат откуп на тутун, согласно Законот за тутун и тутунски производи, од денеска откупот на тутун ќе се реализира и за време на викендите.
Од Тутунскиот комбинат Прилеп информираа дека ќе ја почитуваат препораката на Министерството и денеска на сите откупни пунктови ќе се реализира откуп на тутун и тоа темпо ќе продолжи и во наредните денови. И останатите компании прифатија да вршат откуп за време на викендите.
Досега се откупени околу 18 милиони килограми тутун.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа