Салвета од "Курсаџии" си ја отвори душата: Тешко е да си мајка на оваа возраст!

Актерката Лилјана Јашкиќ, позната како Салвета од Курсаџии, си ја отвори душата и раскажа дека и е многу тешко со бебенцето со оглед на тоа дека го роди на 52-годишна возраст, но дека кога ќе го погледне секоја нејзина мака и тага исчезнуваат.

- Ова ми е најубавиот период вомојот живот, но се ме боли, и раце и нозе...малку спијам, уморна сум, но задоволство ми е да ја гледам ќеркичката. Кога ќе ја земам во прегратка секоја мака исчезнува, вели актерката за Стори.

Таа додава дека е уметник, а сега и самохрана мајка и затоа и е многу тешко и многу треба да работи за да си ја одгледа ќерката. Таа вели дека само два месеци по породувањето морала да се врати на работа за да има пари за бебето. Вели дека тоа тешко и паѓа бидејќи сака да биде до ќерката.

Лилјана се породи на 25 ноември минатата година, а целото нејзино внимание сега е насочено кон  Дарија.

 

 

 

01.02.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега