Почина поранешниот селектор на шпанската репрезентација Луис Арагонес

 

Рано утринава во болница во Мадрид на 75 годишна возраст почина поранешниот селектор на шпанската репрезентација Луис Арагонес.

Круна на неговата кариера секако беше титулата на ЕП во 2008-ма година, а пред да седне на клупата на шпанската репрезентација предводеше многу тимови од Примера.

 Арагонес на чело на Барселона, Валенсија, а најмногу години помина во Атлетико Мадрид каде во четири наврати седеше на клупата на овој тим.

„Мудрецот од Хорталаза“, како што го нарекуваа, имаше богата играчка кариера. Одигра преку 370 натпревари за Атлетико Мадрид, освојувајќи три титули првак на Шпанија, а во 1970-та година беше најдобар стрелец во првенството.

Во својата кариера освои 9 титули, со Барселона, Атлетико и шпанската репрезентација, а неговиот последен ангажман беше во 2009-та година како тренер

01.02.2014 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега