Пронајден вредниот крст кој беше украден од храмот Пресвета Богородица - еве ги деталите

 

Министерството за внатрешни работи расчисти неколку тешки кривични дела од областа на имотните деликти извршени со насилство на подрачјето на Битола. Се работи за 51-годишниот битолчанец Н.Т. кој крадел предмети од црква и без повод и причина напаѓал сограѓани.

Според податоците од полицијата, извршен е претрес во домот на пријавениот  при што се пронајдени и одземени три икони како и еден стар црковен дрвен крст, кој од страна на Отец од храмот „Пресвета Богородица“ во Битола е препознаен. Се превземаат мерки за утврдување на сопственоста на иконите.
Постојат индиции дека осомничениот е инволвиран и во други инциденти регистрирани на подрачјето на Битола.

Битолчанецот си заработи 30 дена притвор.

01.02.2014 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега