Пожар пепелоса барака во Скопје - пожарникар заврши на Ургентен
Во Скопје на улицата „Варшавска“ синоќа околу 20 часот и 30 минути настанал пожар во барака во сопственост на 56-годишниот Д.Т.
Според информациите од полицијата, од бараката останало само пепел, а за жал при гасење на пожарот, при пад со телесни повреди во пределот на кичмата се здобил еден од пожарникарите кои се справувале со пламените јазици, 46-годишниот Ѓ.Ѓ. од Скопје.
Пожарникарот е пренесен и задржан во ургентниот центар во Скопје.
01.02.2014 - 14:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа