Малолетници кршеле возила и канделабри - детали за дивеењето во Крушопек
Двајца граѓани од Крушопек синоќа се јавиле во полиција и пријавиле дека поголема група на млади лица ги каменуваат и кршат нивните возила.
Како што јавуваат од полицијата, се работи за група малолетници кои дивееле на местото на настанот, а група граѓани од Крушопек излегле за да ги најдат и да се пресметаат со нив. Нешто подоцна, околу 23 часот, граѓанин пријавил дека група повеќе лица се движат кон Сарај по кејот и ги кршат канделабрите. Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје превземени се мерки и активности при што приведени се 14 лица од кои најголемиот дел малолетни.
Со цел да се смири состојбата и да се намалат тензиите, во времето од 23 часот до полноќ во просториите на селската Џамија во Крушопек одржан е состанок со авторитетни лица и жители на село то, на кој присуствувале и првите луѓе на локалната самоуправа, како и високи претставници на Министерството за внатрешни работи, каде биле презентирани преземените мерки и активности во врска со настаните како и идните зајакнати мерки и активости кои ќе следат во координација со локалната самоуправа. Подоцна, од 00.15 до 01.00 во простоирите на Општина Ѓорче Петров во салата за состаноци бил одржан состанок на кој присуствувал и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, каде било разговарано за состојбата и за смирување на тензијата во селото, а било договорено и зачестено присуство на полицијата во делот на мостовите Лака и кај Св Лазар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа