Автомобил паднал во провалија во близина на детското одморалиште на Средно Водно

 

На средно Водно синоќа бил пронајден автомобил кој паднал во провалија. Случајот во полиција го пријавил Ж.Т. од планинарско друштво „Бистра“ .

Според податоците од полицијата, на локалниот пат за средно Водно, во близина на детското одморалиште имало паднато возило во провалија, а полициски службеници веднаш излегле на местото на анстанот и пронашле „Опел Вектра“ со скопски регистерски ознаки.

Возилото било затворено и празно и по извршената проверка утврдено е дека нема лица во близина на возилото, а сопственикот на истото се уште не е пронајден.

01.02.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега