Поучна приказна: Во душата на секој човек има битка!

 

Поучна приказна која ќе ве натера да размислувате малку поинаку. Некогаш одамна еден дедо на својот внук му раскажал една голема, животна вистина. Во душата на секој човек се води битка. Како борба помеѓу двајца волци. Во душата на секој од нас.

Едниот волк го претставува злото: Претставува бес, завист, љубомора, самосожалување, негодување, алчност, ароганција, обвинување, инфериорност, лага, неоснована гордост, егоизам…

Вториот волк го претставува доброто: Претставува се она што ти дава мир на душата, љубов, надеж, ведрина, понизност, љубезност, добрина, срдечност, дарежливост, вистина, сочувство и вера.

Внукот се замисли. Сите свои мисли ги насочил во длабочината на зборовите на својот дедо, па го запрашал: Кој волк на крајот победува?

Дедото одговорил со насмевка на своето лице: Победува секогаш оној кој повеќе го храниш, па затоа е посилен од другиот…

02.02.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега