Последните месеци мистериозно умираат милион морски ѕвезди

Милион  морски ѕвезди мистериозно умираат во последните неколку месеци по должината на брегот на Америка од Аласка до југот на Калифорнија.

Оваа необична појава започнала во јуни 2013 година, кога се регистрирани првите случаеви на умрени морски ѕвезди, вели Џонатан Слиман, директор на американскиот Центар за истражување на дивата фауна на институтот за геофизика.

Најмногу се погодени два вида на ѕвезди – виолетова ѕвезда и (pisaster oćraceus) и ѕвезди познати како морско сонце (pycnopodia heliandhoides). Ѕвездата морско сонце е најголемата ѕвезда во морето, со дијаметар од повеќе од еден метар.

Мртвите морски ѕвезди имале површински повреди во бела боја, и станувале меки, изгубени краци и постепено пропаѓање на телото , што после неколку дена доведувало до смрт.

Експертите кои со  децении го следат  еколошкиот систем во областа не се во можност да ја утврдат  точната причина за смртта на овие морски животни.

" Претпоставуваме дека е во прашање некои патогени бактерии, паразити, вируси или бактерии кои го напаѓаат морска ѕвезда и влијаат на нивниот имунолошки систем и создаваат промени во организмот кои се смртоносни", вели еден професор по биологија на Универзитетот во Санта Круз во Калифорнија .

Според него, смртта на морска ѕвезда така се случува и во минатото, но тогаш причина било прегревање на водата на брегот, но тоа не е случај сега.

Постојат 1700 видови на морска ѕвезда. Ѕвездите обично се со пет крака, но постојат и оние со четири. Нивната големина варира од еден сантиметар до еден метар. На долната страна имаат мали нозе со кои се движат.

 Тие се хранат со сите видови на школки и некои полжави. Морските ѕвезда дишат преку жабрите на кожата. Тие имаат добро развиена чувство за мирис. Кај некој од нив кога ќе паднат  краците,им растат нови и тоа е еден од начините за размножување.

02.02.2014 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега