ФОТО: Си ја организирала свадбата за 24 часа за и нејзината мајка болна од рак да биде дел од неа

Девојка од САД била скршена од болка кога дознала дека нејзината мајка боледува од рак, па се решила бидејќи таа не е во состојба да дојде на церемонијата на која таа и партнерот ќе го кажат судбоносното ДА, свадбата да се оддржи во болницата.

Лекарите на Мери Квин и кажале дека наскоро ќе почине од рак, па затоа нејзината ќерка Али Квин за само 24 часа организирала венчавка, за нејзината мајка да биде дел од овој важен настан. Парот треба да се венча дури во септември 2015 година, но плановите им се смениле кога Мери завршила во болница.

Ќерката потиштена од болка бидејќи пред шест месеци и нејзниот татко починал од истата болест, добила дозвола од градските власти и ја направила венчавката во болницата. Еден лекар купил венчаница, а останатите и купиле нараквица како подарок. Социјалниот работник отишол кај бабата на Али по вел, за на неа да има и нешто „старо“. 

03.02.2014 - 16:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега