Среќен 10-ти роденден Facebook
Денеска Facebook го прославува својот десетти роденден. Тој е основан на 4-ти февруари 2004 година , и во тој период стигна до статусот најголема друштвена мрежа во светот со околу 1,23 милијарди корисници месечно.
На почетокот неговиот основач Марк Цукерберг ја создал оваа социјална мрежа како ресурс исклучиво наменет за комуникација на студентите на универзитетот Харвард.
За десет години корисниците на Facebook воспоставија повеќе од 200 милијарди пријателства, така што оваа социјална мрежа во многу го измени поимањето на пријателството, кое сега често асоцира на присуство на лице во листата со контакти на социјалната мрежа.
Опцијата Like се појави за прв пат во 2009 година, а денес та се користи по повеќе од 6 милијарди пати на ден.
Цукерберг на почетокот не сакал да постои можност за прикачување на слики на оваа мрежа, но по воведувањето на оваа опција во октомври 2005 година, се поставиле повеќе од 400 милијарди снимки.
Покрај ова интресно е првата јавна понуда на своите акции во мај 2012 година, кога Facebook привлече 16 милијарди американски долари, што претставува најуспешното IPO во историјата на САД.Така иако на почетокот акцијата на Facebook забележа остар пад на цената, претходната година нејзината вредност се зголеми повеќе од двојно.
Моменатално Facebook се насочени кој усовршување на мобилните услуги. Неодамна тие го купија сервисот Instagram кој чини милијарда долари. Сепак бројот на корисниците на мобилните сервиси на Facebook се повеќе се зголемува, а од мобилната реклама минатата година заработиле 40 % од приходите .
Facebook моментално има капитал од 11,5 милијарди долари во готово и амбициозниот проект Internet.org, чија цел е да ги урне бариерите за поврзување на луѓето преку интернет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа