ВИДЕО: Би јаделе пак? - еве од што се прават виршли и паштети

Принципот на изработка на виршлите и паштетата е многу сличен така што мнозинството производители, сите внатрешни органи, кожа, нокти, црева, жили, сало, маснотии, коски, лигаменти и сето она малку квалитетно месо од животните, го мелат до непрепознавање, додаваат зеленчук, соја и зачини, и го пакуваат тоа како вкусен производ наречен паштета и виршла
 
Иако спаѓаат меѓу највкусните производи, паштетите, месниот нарезок, виршлите и останатите облици на сувомеснати производи, спаѓаат меѓу најлошите производи кои можеме да си ги дозволиме. Сите оние кои се занимаваат со исхрана, никако не ги препорачуваат, а начинот и производите кои се користат за нивното производство, се најчесто деловна тајна.
 
Сепак, благодарение на социјалните мрежи на интернет и ретките сведочења на вработените во кланиците, може да се дојде до некои информации кои откриваат факти кои мнозинството консументи на виршли ги шокираат, по што се прашуваат дали во иднина да ги купуваат овие производи.
 
Принципот на изработка на виршлите и паштетите е многу сличен, така што мнозинството производителите сите внатрешни органи, остатоци од животните и сето она малку квалитетно месо, го мелат, му додаваат зеленчук, конзерванси, стабилизатори и го пакуваат како вкусна храна наречена паштета или виршла.
 
Во огромни метални кади, тонат свински остатоци кои се мешаат со розеникав премаз кој се формира кога пилешките трупови ќе се процедат низ металните решетки и ќе се полеат со вода. Во мешавината се додаваат конзерванси во прав, арома и црвена боја, потоа се топи во вода, па се става во пластични цевки за да се свари и спакува. Во сето тоа се додаваат вештачки адитиви, ароми и бои, за виршлите и паштетата да добијат подобар вкус.
 
Но, тука не е крајот, затоа што покрај се ова, во виршлите за финален изглед се додава и скроб. Во мнозинството случаи, се работи за скроб од компир, брашно или презла која е измешана со соја. Скробот ги врзува состојките и прави, механички обработеното месо и свинските остатоци да бидат повкусни. Поради тоа, и виршлите по готвењето стануваат два пати поголеми.
 
Поради сето ова, нутриционистите предупредуваат дека ваквите производи треба да се избегнуваат во исхраната. Иако се многу вкусни, потрудете се да ги јадете што е можно помалку.
 
04.02.2014 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега