Откриена мистеријата за Бермудскиот триаголник?!

Бермудскиот триаголник е зона во Атлантскиот океан која се протега помеѓу Мајами-Бермудите-Порторико. Не се знае дали навистина нешто таму постои или се се случува како резултат на човечка грешка.

Во последните неколкувекови, исчезнувањето на бродови и авиони на територијата помеѓу Флорида, Пуерто Рико и островот Бермуда започнале да се објаснуваат како мистери, виши сили и паранормални појави.

И покрај тоа што постојат докази и статистики по кои се бројат исчезнувањата, сепал нема многу разлика во однос на другите области во океанот, фактот е дека многу околности остануваат неразрешени, па затоа прочуениот Бермудски триаголник се претворил во „Ѓаволски триаголник.“

Неговата лоша репутација за прв пат е забележана кај Кристофер Колумбо, кој во својот дневник на 8ми октомври 1492 година пишувал за некои чудни навигации на компасот. Само неколку дена покасно приметил необична светлост, што ја вознемирило посадата која се заканила дека поради мистериозните околности ќе се врати назад во Шпанија.

Околната стража на САД во 1970 година се обидела да ги објасни причините за исчезнувањето. Инаку ова не единствената област во која се јавува магнетната варијација и отстапувањето од курсот дури до 20 степени.

Магнетната варијација е нешто со кое капетаните на бродовите се запознаени и не е нешто што би можело да го го поремети искусниот морепловец.

Иако магнетните полиња во светот се во  постојано движење, Бермудскиот триаголник е во фаза на мирување. Без оглед  на тоа што е точно дека магнетните вредности во триаголникот се специфични, стручњаците сметаат дека тоа оваа област не ја чини толку необична во однос на било кое друго место на Земјата.

Легендата за модерниот Бермудски Триаголник започна во 1950 година после објавување на статија напишана од Едвард Ван Винкл Џоунс која била објавена во „Associated Press“. Џоунс пријавил неколку случаи на исчезнување на бродови и авиони во Бермудскиот Триаголник за многу краток период.

Како докази ги навел  американска морнарница која исчезнала 5 декември, 1945 година и комерцијални авиони „Star Tiger“, и „Star Ariel“, кои исчзенале на 30 јануари 1948 година и 17 јануари, 1949 година. Како што изјави Џоунс, „тие биле проголтани без трага“.

Поимот „Бермудски триаголник“го вовел новинарот Винсент Х. Гедис кога случајот на 1000 мистериозно исчезнати лица го објаснил како „чудно случување.“

Во 1955 година излезе книгата „The case for the UFO“ која започнала да посочува туѓи форми на живот. Опсесијата со Бермудскиот Триаголник го постигна својот врв во раните 1970-ти со објавувањето на неколку книги, вклучувајќи го и бестселерот на Чарлс Берлиц, „Бермудскиот Триаголник.“

Но критичарот Лари Куше кој ја објавил „Мистеријата за Бермудскиот Триаголник: Решена“ во 1975 година, тврди дека и другите автори не направиле соодветно истражување и дека ги преувиличуваат работите. Меѓу обивинувањата тој навел и случаи на исчезнување како „мистерии“ кога немало мистерии, а некои од нив прикажале случаи кои воопшто не се случиле на тоа место.

Куше заклучил дека бројот на исчезнувања кои се случиле во рамките на Бермудскиот триаголник не бил толку голем отколку било која друга област во океанот и писателите се оние кои презентирале дезинформации . Според него ова се објаснува со потребата за создавање на сензационални приказн, кои би ги сфатиле дека не се точни , само ако маллку истражуваме.

04.02.2014 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега