Ова е најстресната случка за најголем дел од мажите

Секој четврт маж тврди дека планирањето на венчавката му е многу постресно отколку на партнерката, додека кај жените поголем стрес е преселувањето и грижата околу породувањето.

Дури секоја шеста жена својата венчавка ја гледа како стресна случка, додека за 23% од младоженците, венчавањето и сите попатни договори околу тоа претставуваат најтешката работа која ја направиле, покажало едно америчко истражување.

Според тоа, секој четврт маж смета дека планирањето на венчавката му паѓа потешко отколку на неговата партнерка.

За припадниците на двата пола пријателите и членовите на семејството, пред свадбата, се главен извор на стрес. Меѓу потешките задачи спаѓа и одлуката за тоа кој да се повика на свадба, кој да ја финансира свадбата и како да им се угоди на најблиските – посебно на свекрвата, бабата и пријателите.

 

Кај другите животни промени, како што се раѓањето на дете, жените најмногу се грижат околу самото породување и промените кои ќе ги доживеат на своето тело, додека мажите ги мачи тоа што ќе мораат да го променат нивниот животен стил.

04.02.2014 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега