Ставревски: Нема причина да дојде до заострување на условите за кредитирање

 
Нема ниту една причина за да дојде до заострување на условите за кредитирање, соопшти денеска министерот и вицепремиер Зоран Ставревски

 

- Треба да настојуваме, и банките во вакви околности, да не ги влошуваат условите за граѓаните и за стопанството, бидејќи врeмињата се тешки за сите и секој треба да го понесе товарот во својот дел. Моите лични очекувања се дека нема да дојде до никакво влошување или заострување од страна на банките, рече Ставрески.

На новинарско прашање дали капиталните инвестиции се развиваат според предвидената динамика и колкав раст на економијата се очекува во првиот квартал, вицепремиерот и министер за финансии потенцира дека се уште е рано да се зборува за растот на економијата во првиот квартал. 

- Она што можам да кажам е дека програмата за капитални инвестиции е амбициозна и вклучува реализација на повеќе крупни проекти. Со почетокот на градежната сезона, вториот квартал ќе се интензивираат работите на изградбата на Коридорот 10, на делницата Демир Капија - Смоквица, а очекувам да почне и реконструкцијата на пругата од Куманово до Бељаковце, како и многу други проекти кои се во делот на патната инфраструктура, како и реконструкцијата на училиштата и болниците, изјави Ставрески.

 

најчитано сега