Македонци ги правеле анимациите за РобоКап

 

Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х било дел од тимот за изработката на ефектите на најпознатиот полицаец на светот Робокап. Овој ангажман на македонското студио е резултат на соработката со „Метод Студиос“ која започна во1 2013. 

Научно - фантастичната акција на Хозе Падиља се одвива во 2028 година во Детроит. Џоел Кинеман, во улога на саканиот сопруг, татко и храбар полицар - Алекс Марфи е повреден за време на полициска задача, па мултинационалниот конгломерат ОмниКорп ја искористува шансата и креира полу-човек, полу-робот полицаец. Актерската екипа на РобоКап ја сочинуваат и Мајкл Китон, Гери Олдман и Семјуел Л. Џексон.

Филмот вчера беше премиерно прикажан во киното Синеплекс, една недела пред американската премиера. Заработката од 5,5 милиони американски долари по само еден викенд прикажување во Малезија, Тајван и Сингапур, покажува на холивудски хит блокбастер во 2014.

 

07.02.2014 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега