ВИДЕО: Јапонска лудост- го врзале за кревет и го фрлиле додека спиел
Скриените камери кои што се подготвуваат во Јапонија често знаат да бидат навистина екстремни.
Уште една во низата на урнебесни скриени камери кои ни доаѓаат од Јапонија е онаа во која што главната жртва е комичарот Тошиаки Касуга, кој заспа во монтажна куќичка, откако претходно уживаше во вечерното пиење со своите колеги, со кои заедно го снимаше подножјето на вулканската планина Фуџи.
Колеги на Тошиаки решија да останат доволно трезни и да го изненадат својот соработник со лудост која ни на сон не би му паднала на памет никому...
Погледнете како изгледа оваа јапонска лудост.
07.02.2014 - 11:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа