Го воодушевија жирито - која двојка од „Танц со ѕвездите“ ги заработи првите 10-ки?

 

Втората сезона на македонската верзија на најинтересното танцово шоу во светот, „Танц со ѕвездите 2“ станува се поинтересна за гледачите.

Големото искуство на професионалните танчари кои се дел од „Танц со ѕвездите“ дава одлични резултати кај македонските ѕвезди. Доказ за тоа е и следната епизода во која за прв пат ќе бидат дадени две десетки за една танцова двојка.

Вечерва во 20:15 часот на првиот програмски сервис на Македонската Радио Телевизија ќе ја гледаме најновата епизода, трета по ред елиминациона, во која уште една танцова двојка ќе го напушти шоуто.

Oд продукцијата информираат дека на сцената ќе се појави Марија Маленкова – Балкански танцов шампион со своја кореографија.

 

 

08.02.2014 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега