Регулаторна реши: Ќе возиме по стара цена
И во наредните 2 недели, ќе возиме по стара цена. Регулаторната комисија реши да не ги промени малопродажните цени на нафтените деривати.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.01.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе изнесува 57,5 денари за лиар
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,795 ден , и ќе се продава за 40,881 денари за килограм
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа