Стејт департмент: Македонија е на критична крстосница - итно да се реши политичката криза

Американскиот Стејт департмент повторно упати повик до македонската Влада и до опозицијата, да се надмине политичката блокада во земјата.

- Шефовите на мисиите на американската Амбасада во Скопје, на Европската Унија и на ОБСЕ објавија соопштение на 27 февруари, во кое повикуваат на итни мерки за да се надмине актуелната политичка блокада. Продолжуваме да ги повикуваме Владата и опозицијата во Македонија да постигнат решение, изјавиле во Стејт департментот за МИА, по најавите за бојкот на локалните избори од страна на дел на опозицијата во Македонија.

Во заедничкото соопштение од 26 февруари, кое беше второ вакво соопштение во рок од две недели, се оценува дека Македонија е на критична крстосница.

Шефовите на дипломатските мисии во Скопје оценија дека се загрозуваат аспирациите на граѓаните за подобра иднина и политичката стабилност на земјата, и ги повикаа политичките лидери да и стават ктај на политичката криза.

најчитано сега