ВИДЕО: Стадионот на кој ќе се игра финалето во ЛШ почна да се распаѓа

 

Само три месеци пред финалето  на ЛШ уништен е дел од покривот на Стадионот на Бенфика.

Челниците на УЕФА и домаќинот загрижени се поради ова. Пред почеткот на натрпеварот меѓу  Бенфика и Спортинг Лисабон силниот ветер почнал да носи се пред себе,  парчиња од кровната конструкција летале, а делегатот на натпреварот бил приморан да го одложи дуелот и била донесена одлука за итна евакуација на навивачите.

За среќа избегната е трагедија иако редарите имале проблеми со навивачите на Спортинг кои не можеле да го напуштат стадионот и покрај опасната ситуација.

Сепак  Португалците ќе мора да превземат мерки доколку сакаат да останат домаќини на овој голем настан.

10.02.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега