Карлеуша: Премногу сум добра риба за некој лузер и неработник!

 

Откако медиумите пишуваа дека пејачката Јелена Карлеуша должи 900.000 динари за греење таа реши да им се обрати на свој начин. 

 „Премногу сум добра риба за некој лузер и неработник. Ако сте заборавиле мојот маж се вика Душко Тошиќ, е фудбалер, убав, млад, згоден и многу успешен, па ете случајно заработува милиони (не динари), дали стварно помисливте дека би допуштил неговата куќа биде ладна а жената и децата изразени на проблеми? Не е баш логично.
А сега за мене, за 20 години кариера, работев и заработував доволно за да можам да бирам дали, каде и што да работа, не морам по секоја цена да работам секој викенд за разлика од оние што мораат. Не заборавајте дека сум мајка на две прекрасни девојчиња, а мајчинството ми е најголемиот успех. Во секој случај имам доволно да платам за греење и вас толку “прекрасни и племенити” личности да ве купам со се партали. Ми се може!“

10.02.2014 - 20:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега