СИРИЗА ужива најголема доверба кај Грците

Според  резултатите од истражувањето на социолошката агенција GPO,  радикалната левица во Грција, СИРИЗА, засега има предност пред десноцентристичката Нова демократија, и доколку сега се одржат парламентарни и избори за Европскиот парламент, СИРИЗА ќе освои 21,4 отсто од гласовите на граѓаните, додека конзервативците 20,2 процента.

 

Неонацистичката партија „Златна зора“ ја има поддршката на 7,2 отсто од граѓаните.

За грчката Комунистичка партија би гласале 6,1 отсто од анкетираните, за социјалистичката ПАСОК 5,6 проценти, за Независни Грци 4,4 отсто и за Демократската левица ДИМАР 3,8 проценти.

На изборите за европратеници, кои ќе се одржат во мај исто така СИРИЗА ја има најголемата поддршка и за неа би гласале 20,8 отсто, а за Нова демократија 19 проценти.

 

На прашањето кој е посоодветен за премиерската функција, Андонис Самарас или Алексис Ципрас, 42,8 отсто од испитаниците одговориле за Самарас, а 30 проценти се одлучиле за Ципрас. 

11.02.2014 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега