Сестрата на убиената манекенка Червенко: Ќе гори градот ако Даријан не лежи во затвор!

Сестрата на манекенката Владислава червенко која минатата година беше убиена од страна на своето момче, Даријан Мушиќ, низ солзи ја бара правдата за смртта на својата сестра. Тања Червенко за српскиот Курир вели дека не и е јасно како можела да се укине пресудата и да започне судскиот процес одново кога е јасно дека Даријан ја убил нејзината сестра.

- Укината пресудата? Како? Ми доаѓа не да плачам туку да вриштам од болка! Ќе гори Нови Сад ако Даријан не лежи во затвор. Во шок сум. вели сестрата низ солзи.

За потсетување, судскиот процес почнува одново по жалбата на адвокатот на убиецот. Даријан ја уби својата девојка минатат година во нејзиниот стан, гаснел цигари по нејзиното тело и ја мачел пред таа да умре.

Повеќе за пресудата прочитајте ТУКА.

11.02.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега