Нови поволности за преипејд корисниците на Вип
Почнувајќи од денес Вип им нуди можност на сите припејд корисници да остваруваат навистина долги разговори без дополнителни трошоци за активација. Со новата Vip Simple припејд тарифа корисниците добиваат неверојатна можност да зборуваат за само по 3,9 денари по повик кон сите национални мрежи без разлика на времетраењето на повикот.
Секој припејд корисник кој сака да ја користи новата тарифа Vip Simple едноставно треба да испрати СМС со текст START на 1455 најдоцна до 31март оваа година со што бесплатно ќе биде префрлен на нова тарифа со што ќе може да ужива во долгите разговори.
Тоа е единствена понуда која има важност 30 дена од активирањето и се продолжува автоматски за 30 дена со секоја надополна на сметката од најмалку 100 денари, без дополнителни трошоци за активација. Во рамки на Vip Simple воспоставувањето на повик не се наплатува. Цената на СМС пораките е 2,9 денари. Доколку корисникот кој ја одбрал Vip Simple не изврши надополна во рок од 30 дена по активирањето на тарифата, цената за разговор кон сите национални мрежи ќе изнесува 7,9 денари за целиот разговор, а СМС пораката 5,9 денари.
- Со оваа тарифа на припејд корисниците им овозможуваме слободна комуникација со навистина долги разговори и едноставен начин за користење и следење на состојбата на сметката. Уверени сме дека повторно ги пресретнуваме потребите на припејд корисниците и им нудиме повеќе разговори и повеќе вредност, изјави Џакомо Тоњони, главен маркетинг директор на Вип.
И уште повеќе, сите Vip Припејд корисници, со секое надополнување од најмалку 150 денари, добиваат дополнителен бонус кредит од 10%, кој може да го искористат по сопствена желба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа