Договорено: Од март пензиите ќе бидат повизоки за 600 денари

 

Министерството за финансии, МТСП, ПИОМ и пензионерите ги усогласија пресметките за зголемување на пензиите. Од март на пензионерите ќе им бидат исплатени пензии повисоки за 600 денари.

-Македонија е единствена земја во регионот и пошироко што во вакви тешки времиња успеа да ги заштити пензионерите и да изврши зголемување на пензиите. Во наредните десет месеци, пензионерите ќе добиваат зголемени пензии согласно усогласените пресметки, истакна министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Потегот го поздрави и претседателот на Здружението на пензионерите

-Самото зголемување на пензиите значи подобрување на стандардот на пензионерите и овозможува тие да имаат достоинствена старост. Покрај зголемувањето на пензиите, ги имаме и низата мерки за подобар живот, како бесплатно бањско-климатско рекреирање, бесплатен превоз и бесплатно болничко лекување, посочи Драги Аргировски.

Министерот Диме Спасов потенцираше дека Владата продолжува да се грижи за пензионерите и ги остварува ветувањата

-Просечната пензија е зголемена за 62%, ако се земе предвид дека во 2006 година просечната пензија изнесувала 7.683 денари, а во март годинава 12.445 денари. Во наведениот период, најниската пензија е зголемена за 76%, а највисоката за 30,43%, нагласи Спасов.

Директорот на ПИОМ, Беким Незири, потенцираше дека средствата за зголемувањето на пензиите се обезбедени и инкорпорирани во буџетот на Фондот за пензиско осигурување.

11.02.2014 - 13:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега