Нова апликација: Фејсбук ќе ви каже дали е време да се ожените/омажите!

 

Ако досега се прашувавте кога е правото време за брак, не грижете се. Создадена е апликација која ќе ви пресмета кога треба да се омажите или ожените.

Оваа Time апликација, до која се доаѓа преку Фејсбук, го мери просечното време за кое вашите пријатели стапиле во брак. Со оглед на тоа дека вообичаено најголемиот дел од нашите пријатели се на возраст како нашата и ги доживуваат истите работи, апликацијата ќе ви каже дали сте заостанале во поглед на бракот. Таа ги зема во предвид љубовните стауси како слободен, во врска...бидејќи најголем дел од корисниците на Фејсбук пишуваат дали се во врска/брак или не. Според тоа колкав број од вашите пријатели се во брак, а вие не сте, ќе ви биде пресмтано дали заостанувате во тој поглед.

Творците на апликацијата сепак потенцираат дека таа е направена за забава, а не за да ги разочара и растажи луѓето.

Апликацијата погледнете ја ТУКА.

11.02.2014 - 15:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега