Оливер Спасовски ќе ги предводи социјлдемократите на претседателските избори
На вечерашната седница на Централниот одбор, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, е едногласно избран за Шеф на Изборниот штаб за престојните претседателски избори, информираат од Бихаќка преку писмено соопштение.
Од партијата велат дека е усвоен и Правилник за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидатот на СДСМ за Претседател на Република Македонија.
„Социјалдемократскиот сојуз целосно се фокусира на престојните претседателски избори“ - стои во соопштението од партијата.
11.02.2014 - 21:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа