Поштар си се богател крадејќи ги пензионерите од Куманово

 

51 годишниот С.С. од  Крива Паланка, вработен како поштар во Македонска пошта во Куманово, си заработи кривична пријава за затајување и фалсификување исправа.

 С.С., од октомври 2011 до октомври 2012, си ги присвојувал пензиите и социјалната помош кои требало да им ги достави на граѓаните. Тој своерачно се потпишувал на уплатниците и потоа парите си ги ставал во џеб.

Според МВР, С.С. во текот на целата година успеал да украде 106.905 денари.

најчитано сега