Вибер оди на продажба
Во 200 земји во светот каде е присутен, Вибер моментално има 200 милиони регистрирани корисници. Големиот успех на оваа компанија значи и голема вредност за потенцијалните инвеститори и купувачи, па светските медиуми пренесуваат дека основачот Талмон Марко, ја ставил компанијата на продажба.
Како што дознава Calcalist, моментално траат преговори помеѓу Вибер и азиска компанија, а цената би можела да достигне помеѓу 300 и 400 милиони американски долари.
Во игра се и многу телекомуникациски компании од Кина и Јапонија.
12.02.2014 - 09:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа