Бесни тинејџери цел месец напаѓале и ограбувале кумановчанки
Кумановчаните В.Л.(18) и В.Џ.(17), цел месец напаѓале и ограбувале жени низ Куманово.
Според МВР, двајцата тинејџери, во периодот од април до мај годинава, нападнале седум жени и од нив украле златни ланчиња вредни околу 140.000 денари. Украденото злато му го продавале на 37 годишниот Х.А., кој случајот не го пријавил во полиција иако знаел дека синџирчињата се украдени.
Истражен судија В.Л. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, додека на В.Џ. мерка куќен притвор во траење од 30 дена