Сопругата го изневерувала со другарот - Стоески ставил крвав крај на љубовен триаголник?
37 годишниот Македонец Сашо Филковски и 31 годишната Ванеса Фарчиќ вчера попладне биле пронајдени мртви во населбата Гиравејн во Перт Австралија. Телата на починатите биле пронајдени во две куќи на растојание помало од 100-тина метри. Според досегашните информации, осомничен за двојното убиство е сопругот на Ванеса и другарот на Филковски, Никола Стоески.
Австралиските медиуми пишуваат дека Стоески најверојатно се сомневал дека сопругата го изневерува со најдобриот пријател, па се одлучил да стави крвав крај на љубовниот тријаголник.
Стоески и Фарчиќ биле примерно и дружељубиво семејство. Филковски бил тренер, сметководител и ИТ-консултант кој стопанисувал спортска сала во Гиравејн. Неговите познаници велат дека и тој бил примерен грашанин.
Осомничениот Стоески денеска ќе биде изведен пред истражен судија.