Две нови игралишта ќе никнат во Октиси и Лабуништа

Министерот за образование, Спиро Ристовски, денеска престојуваше во работна посета на охридско-струшкиот регион.

Министерот беше во обиколка на основното училиште „Живко Чинго“ во Велгошти, каде во тек е реконструкција и градежни зафати за целосна замена на санитерните јазли, обнова на енергетски ефикасна фасада на објектот.

- Врз основа на информациите од изведувачот, сaнацијата целосно би требало да биде завршена некаде најдоцна до почетокот на април, појасни Ристовски. Тој информираше дека веќе се обезбедени околу шест милиони денари за реконструкција на покривот и санитарните јазли и во основното училиште „Кочо Рацин“ во населбата „Радојца Новичиќ“, но тоа би се реализирало во текот на летниот расапуст за да не се попречува наставниот процес.

Потоа, Ристовски ја посети касарната во Охрид: - Наредните денови почнува првата фаза од реконструкција и санација на тие објекти, што ќе бидат наменети за потребите на Универзитетот за информатичко општество и науки „Свети Апостол Павле“. За таа намена се издвоени околу 40 милиони денари, а очекувањата се дека за година, можеби година и пол, таму да имаме комплетирани објекти за целосна преселба на Универзитетот во тие објекти, појасни Ристовски.

Претходно, министеро беше во посета на струшко каде најави почеток на изградба на игралиште во рамки на основното училиште „Единство“ во село Октиси, како и повеќенаменско игралиште во Лабуништа, проект што заеднички ќе се реализира со Агенцијата за млади и спорт. 

- Денес сме во Октиси и Лабуништа да го означиме почетокот на овие две игралишта. Во Октиси ќе се гради игралиште во основното училиште „Единство“ кое во рамките на посетата со претседателот на Владата на Република Македонија го имавме најавено претходно, изјави Ристовски.

13.02.2014 - 14:45
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега