На скопјанец му се насмеа среќата - Ново Лото му донесе 224.000 денари

Со растот на фондот за 7ка, која во моментов изнесува над 330 000 евра, или над 21.000.000 денари, расте интересот и на играчите не само за учество во оваа игра на среќа НовоЛото 7/34, туку и во дополнителната игра ЏОКЕР.

 Токму 13то коло на НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 12.02.14 на телевизија Сител, ја донесе премијата Џокер со 5 погодоци, вредна 224.812,00денари. Уплатата е извршена на продажно место Р.Е. ИДА во Скопје.

 Скопјанецот покрај уплатените 6 комбинации, уплатил само еден Џокер број со вредност од 20,00, а добил над 224.000 денари, или Џокерот му донел 10 000 пати поголема добивка од влогот.

Уплатата за 14тото коло веќе е во тек, а неговото извлекување ќе може да се следи во сабота 15.02.14 на Сител телевизија, со прекрасната Маријана Станојковска.

13.02.2014 - 16:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега