Средба Бесими - Ховит: Македонија во наредниот период да се фокусира на неколку клучни приоритети од ПДВН

На средбата со  известувачот за Македонија во ЕП Ричар Ховид,  вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими изрази задоволство од препораките содржани во Резолуцијата на Европскиот парламент, а кои се однесуваат на одредувањето на датум за почеток на пристапните преговори, започнување на процесот на скрининг, како и оценката дека Република Македонија претставува функционална пазарна економија, соопшти по средбата  владиниот Секретаријат за европски прашања.

Како што пишува во соопштението,  Бесими  ја истакна важноста од продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Европската унија, како механизам за оддржување на моментумот на реформскиот процес и информираше за намерите на Владата во наредниот период да се фокусира на неколку клучни приоритети од ПДВН. 

-  Истото беше поздравено од Ховит кој наведе дека од огромна важност е во наредниот период да се покаже вистински напредок во неколку клучни области, како што е слободата на изразување, деблокирање на работата на Работната група на Собранието на Република Македонија, спроведувањето на фер и демократски избори итн.Европратеникот Ховит се осврна и на важноста  од  обезбедување инклузивност на процесот, особено во однос на учеството на невладиниот сектор и Собранието, се вели во соопштението.

13.02.2014 - 18:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега