Пониски цените на индустриските производители
Продажните цени на производителите на индустриски производи во декември 2013 година се пониски за 0,6 отсто на месечно и 3,6 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во декември 2013, во споредба со ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 4,8 отсто во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки
за 1,0 отсто.
Во декември 2013, во споредба со декември 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 3,6 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,2 отсто.
Во декември 2013, во споредба со декември 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 8 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 5 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа