Италија се запозна со туристичките потенцијали на Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија, од 13 до 15 февруари беше присутна на саемот за туризам Bit 2014 во Милано, Италија. 

На овој саем, беа претставени потенцијалните туристички можности на Македонија, се со цел да се привлече и зголеми заинтересираноста на туристите од Италија. 

Македонија како земја со богата историја, култура, религија, архитектура, природа и секако вкусна храна и вино привлече голем број на посетители кои не останaa рамнодушни од новата атрактивна дестинација на Балканот и пошироко.

Македонските туристички потенцијали беа презентирани на италијанскиот пазар со нов дизајн на штандот, видео материјал од промотивната кампања Macedonia Timeless и нови промотиви материјали изработени за италијанскиот пазар.

Во текот на тридневното промовирање македонскиот штанд беше посетен од туроператори и новинари од Италија, како и од голем број на потенцијални туристи кои покажуваа интерес за религиозниот, културниот туризам и кружните тури низ балканот вклучувајќи ја и нашата земја.

Саемот Bit 2014 имаше излагачи од 100 земји кои ги промовираа своите туристички потенцијали.

16.02.2014 - 12:23
Фото: 
региони

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега