Странски инвеститори ќе ја презентираат работата пред македонски компании
Дваесетина странски инвеститори во Македонија денеска ќе ја презентираат работата пред домашните компании, членки на трите стопански комори во земјата.
На бизнис средбата, насловена „Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“ ќе присуствува присуствува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Странските инвеститори ќе го презентираат нивното работење и ќе ја истакнат потребата од производи и услуги за добавување од страна на македонските компании.
Целта е да се поврзат домашните стопанственици со странските инвеститори и да се зголемат можности да станат нивни добавувачи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа