Скопјанец уплатил 20 а добил 10 000 пати поголема добивка на лото - во меѓувреме нова добивка 6+1

 

13то коло на НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 12.02.2014 на телевизија Сител, ја донесе добивката Џокер со 5 погодоци, вредна 224.812 денари. Трајан Георгиевски од Сопиште, Скопје е сопственикот на среќното НОВОЛОТО ливче кое му ја донесе оваа убава добивка.

  Уплатата ја извршил во продажно место Р.Е. ИДА во Скопје .Покрај уплатените 6 комбинации, среќниот скопјанец уплатил само еден Џокер број со вредност од 20 денари, а добил над 224.000 денари, или Џокерот му донел 10 000 пати поголема добивка од влогот. Трајан е пасионарен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Досега успеал да стаса до бројни помали добивки, а ова е првата поголема добивка на  која многу и се израдува.

 

 14коло  на НОВОЛОТО кое се емитуваше вчера на 15.02.14 на Сител Телевизија,  стандардно внесе многу возбуда кај играчите, посебно кај еден од нив.  Имено вчерашното коло донесе уште еден среќен добитник, овојпат на добивката 6+1 вредна 475.411,50 денари. Компјутерскиот систем лоцираше дека уплатата на среќното Новолото ливче е извршена на 13.02.14 во 123010 Тобако-Аде, во Гостивар. Станува збор за уплата со седумкобинации по 15 денари или вкупна уплата од 105 денараи. 

 

 Утре вечер, 17.02.14, стандардно по 20:30 во најновото издание на емисијата Време за среќа ве очекуваат новите кола на БИНГО БУМ И ТОП, за кои уплатата е во тек.

 

 Во среда ве очекува уште едно издание НОВОЛОТО извлекување на Сител телевизија по 20ч. Во 15то коло фондот за 7ка и понатаму расте, достигува над 21.600.000 денари.

17.02.2014 - 10:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега