Статистика: Поповолна економската состојба на фирмите од трговијата на мало
Државниот завод за статистика денеска објави дека економската состојба на фирмите од трговијата на мало била поповолна во четвртото во однос на третото тримесечје од 2013 година, како и во однос на последниот квартал од 2012.
Финансиската состојба во четвртото тримесечје од 2013 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2013 година, а очекувањата за економската состојба во наредниот период се понеповолни во однос на претходното тримесечје. Количината на залихите во текот на четвртото тримесечје од 2013 година е зголемена во однос на претходното тримесечје. Очекуваните порачки за наредниот период, според нив, а ќе се намали и бројот на вработените во однос на третото тримесечје од 2013 година.
Во четвртиот во однос на третиот квартал се забележува намалување на продажните цени. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2013 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 37,4 проценти, друго со 14,9 проценти, зголемената конкуренција со 12,5 проценти и зголемената понуда на пазарот со 10,5 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа