Лани прометот во индустријата поголем за 6,9 отсто

 

Државниот завод за статистика денеска објави дека прометот во индустријата во декември 2013 година е за 4,1 отсто помал во однос на претходниот месец, но за 6,6 отсто поголем во однос на декември 2012 година.

Според податоците, во 2013 година прометот во индустријата бележи пораст од 6,9 отсто во однос на 2012 година.

Во овој период пораст од 23,8 отсто има во секторот Рударство и вадење на камен, а во секторот Преработувачка индустрија забележан е пораст од 5,7 отсто.

Пораст од 18,5 отсто е забележан кај Интермедијарни производи, освен енергија, Капиталните производи пораснале за 57, а Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 отсто. Опаѓање се бележи кај Енергија за 96,5 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 15,4 отсто. 

17.02.2014 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега